Лиценца за надзор на градба во Р.С Македонија

Правно лице за вршење на надзор на изградба на градби од прва категорија (согласно законот за градење),треба да има лиценца "А за надзор".
Согласно законот за градба,член 34,правно лице за вршење на надзор на изведба на градба од прва категорија од член 57 од законот за градба,треба да има лиценца А за надзор,а за градаба од втора категорија треба да има најмалку лиценца Б за надзор.


Со барање за добивање на лиценца А за надзор,правното лице треба да ги исполнува следните критерими:
- Доказ дека е регистрирано за вршење на содветна дејност
- Доказ дека има вработено најмалку 4 Инжињери , од кој минимум 2 инжињери со обвластување "А" за надзор од комора на инжињери,и 2 градежни инжињери без обвластување.
 

Должност на надзорен инжињер

- Врши проверка над изведба, дали истата е во согласност со основниот проект и одобрението за градење,

- Да утврди дали е извршено обележување на проектната градба на теренот согласно член 82 од законот за градба,

- Да врши проверка на во секоја фаза на градењето,

- Да утврди дали учесниците во изградбата ги поседуват содветните лиценци и обвластувања за градбата,

- Да врши проверка на квалитетот на вградениот материјал во градбата,

- Да утврди дали изведувачот обезбедил докази за квалитетот на вградениот материјал,

- Да утврди дали изведувачот обезбедил мислење за изведениот степен на механичка отпорност,

- Да го запознае инвеститорот и надлежниот градежен инспектор за утврдените недостатоци или неправилности констатирани во текот на изградбата и истите да ги забележи во градежен дневник,

- Да изготви завршен извештај за извршен надзор.

 

ПРИ СЕКОЈА ФАЗА ВО ТЕКОТ НА ГРАДЕЊЕТО НА ГРАДБАТА, ИЗВЕДУВАЧОТ И ИНВЕСТИТОРОТ СЕ ДОЛЖНИ ДА МУ ОБЕЗБЕДАТ НА НАДЗОРНИОТ ИНЖИЊЕР ДА ВРШИ ПРОВЕРКИ.
ЗА СЕКОЈА ФАЗА ВО ТЕКОТ НА ГРАДЕЊЕТО НА ГРАДБАТА НАДЗОРНИОТ ИНЖИЊЕР СОСТАВУВА ПИСМЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕНАТА ПРОВЕРКА СО ОЦЕНКА ЗА УСОГЛАСЕНОСТА НА ГРАДБАТА СО ПРОЕКТОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ГРАДБА.

.

 

Категорија на градба

Градби од прва категорија се: (Нуклеарни електрани,термоцентрали и хидроцентрали со капацитет над 1МБ,далноводи со напонско ниво над 35КВ,градби за производство на електрична енергија од обновливи извори поголеми од 1М,трафостаници со напонско ниво над 35КВ,нафтоводи,продуктоводи,магистрални гасоводи,магистрални топловоди,гасоводни мерни станици,државни патишта,железнички пруги ,железнички станици, аеродроми, депони за опасен отпад,брани со акумулација, градби за базна и хемиска индустрија,градба на црна и обоена металургија,градба на објекти за барут и екплозивна муниција,стовариша за нафтени деривати,гас,тнт над 1000 Тони,градби кој би можеле да ја загрозат животната средина,градби за потребите на државните органи,агенци и фондови,градби на дипломатско и конзуларни претставништва,меѓународни организаци,туристички развојни зони,индустриски и зелени зони,технолошки развојни и индустриски зони,градби на високо образовни установи,,национални установи во областа на културата,градби кој претставуват заштитно недвижно културно наследство,меморијални споменици,градби за намена на терцијална здравствена заштита,телекумуникациски централи за прием на сателицки сигнали,градби за потребите на грани;ни премини,стадиони и
спортски сали со капацитет над 1000 гледачи).ОВАА КАТЕГОРИЈА ГИ ВБРОЈУВА И ГРАДБИТЕ ОД ВТОРА КАТЕГОРИЈА.
Градби од втора категорија: (Основни и средни училишта,градби за потребите на општините,градби за индивидуални домувања,трговски центри,хотели,викенд куќи,,рекреативни центри,авто кампови,меѓу градски автобуски станици,золошки градини,базенти,јавни паркови,паркиралишта).

 

Наши областувања

Фирмата Автоматско технолошки системи,која е сестринска фирма на фирмата ЕКО АМТ ГРАДБА  поседува лиценца за вршење на надзор на изградба на градби од прва категорија (согласно законот за градење),лиценца "А за надзор"
Издадена на 26.05.2023 година, од Министерство за транспорт, со важност до 26.05.2030 година, под број Н.190/А.